
За општинскиот центар:
Општинскиот Центар за Карпеста Уметност со Постојана Изложбена Поставка на Карпести Гравири од Кратово и Кратовско е формирано заради остварување на поширок заеднички интерес преку остварување на следните цели:
- Заштита на карпестите гравири и артефакти на регионално и национално ниво;
- Одржување на постојана изложба на артефакти и карпести гравири;
- Организирање на научни екскурзии и експедиции;
- Едукација на младата популација;
- Изработка на сувенири;
- Издавање на научни материјали;
- Одржување на научни стручни предавања;
Активности:
- Прибирање, селектирање и архивирање на наодите од терен;
- Соработка со 30 информатори - волонтери;
- Презентации и предавања од областа на карпестата уметност;
- Собирање на усни кажувања од локалното население;
- Фотографирање на важните локалитети од исклучително културно - историско значење;
- Снимање на документарни филмови;
- Заштита на локалитетите;
- Еднодневни и повеќедневни екскурзии до локалитетите;
- Научни експедиции;
- Развој на алтернативниот туризам;
- Соработка со туристички агенции, други НВО-и, работни организации и училишта;
- Соработка со разни институти од земјава и странство.
Во склоп на канцеларијата на општинскиот центар се наоѓа постојана изложбена поставка на гравири, преку 500 фотографии, десетина документарни филмови, мала библиотека, голем број на праисториски предмети изработени од камен, коска, керамика и дрво.
Општинскиот центар за карпеста уметност се наоѓа во Кратово на улица “Планинска” Бр.1. Центарот може да биде посетен во било кое време од 08.00 - 20.00 часот, а недела од 09.00 - 16.00 часот.
Контакти на:
тел: +389 31 481 572
e-mail: lcfrockart@yahoo.com ;
stevcedonevkratovo@yahoo.com
Општински центар за Карпеста уметност со постојана изложбена поставка на карпести гравири од Кратово и Кратовско
Спонзор УНЕТ 